Кошарка

Наградата за најкорисен кошаркар во АБА лигата ќе го носи името на починатиот Дејан Милојевиќ

Наградата за најкорисен кошаркар во АБА лигата ќе го носи името на починатиот Дејан Милојевиќ

Клубовите кои настапуваат во регионалната кошаркарска АБА лига едногласно денеска одлучија наградата за најкорисен играч (МВП) во лигашкиот дел од натпреварувањето да биде именувана по Дејан Милојевиќ, српскиот кошаркар и тренер кој почина пред осум денови на 46-годишна возраст од срцев удар.

Во текот на својата кариера како кошаркар настапуваше за ФМП, Будуќност и Партизан и три сезони во низа беше прогласуван за МВП на сезоната.

Во сезоната 2004/5, воедно, беше и најдобар стрелец, додека како тренер ги предводеше Мега и Будуќност до финалето во плејофот, во 2016 и 2021 година.

To top