МЗТ Скопје убедливо загуби со 98:64 и стави крај на надежите за враќање во регионалната кошаркарска елита, па така и наредната сезона ќе биде дел од второто по ранг АБА натпреварување.
Македонскиот претставник одигра катастрофална одбрана во текот на целиот меч и остана без енергија во второто полувреме, па уште во раната фаза на овој дел беше јасно дека поразот е неизбежен.
Конечните 98:64 оставаат една лоша слика за коректната сезона која ја имаше МЗТ во втората АБА лига, па сега јасно е дека единствен фокус на „металците“ ќе биде одбрана на титулата во домашното првенство.