Шампионот МЗТ Скопје Аеродрм ја потврди фаворитската улога во дуелот со Ангели. Аеродромци убедливо го добија натпреварот од 14.коло, одигран во Јане Сандански со 95-74.
Победата МЗТ ја најави уште во првите 10.минути кои ги доби со 32-19.
Веќе на полувремето шампионот имаше убедлива предност од 19 разлика (58-39).
Вториот дел беше само чиста формалност, а МЗТ ја впиша 13-тата победа со кој изби на 1.место на табелата.
Сега втор е ТФТ сои победа помалку, но и натпревар помалку. Екипата од Тафталиџе својот натпревар од ова коло со Чаир ќе го игра во петок, бидејќи денеска ТФТ имаше настап во АБА2 лигата.