Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје со победа над Маџари од 77-70 ја отвори новата сезона во Првата кошаркарска лига каде и оваа сезона е главен фаворит за освојување на круната.
Дебитантот се покажа во одлично светло, иако цело време беше во негатива, не дозволуваше МЗТ да се одлепи посериозно, со исклучок на третиот квартал кога аеродромци имаа единаесет поени позитива (53-42).
Гил со 22 поени беше најдобар кај МЗТ Скопје кај поентерите, а го следеше Андоноски со 12, додека Смит-Мекевен реализира 11 поени со уште седум асистенции. Кај Маџари, Американецот Стејплтон заврши со 21 поен, додека Грин имаше 20 поени. Најблизу до нив беше искусниот Ивица Димчевски со осум поени.
Во следното суперлигашко коло, МЗТ Скопје игра уште еден домашен дуел, овој пат со Феникс 2010, додека дебитантот Маџари патува на гостински терен кај МКК Куманово.