Кошарка

МЗТ Скопје шокиран од Тиквеш на домашен терен

МЗТ Скопје шокиран од Тиквеш на домашен терен

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром доживеа неочекуван пораз од Тиквеш од 80:75 на средбата од 22. коло во Првата лига што се одигра во СЦ „Јане Сандански“.

Иако „металците“ настапија без Андреј Маслинко, Марин Петков и Марко Миловановиќ никој не очекуваше ваков резулат на соочувањето во Скопје.

Актуелниот шампион не доби ниту една четвртина во дуелот со клубот од Кавадарци, губеше со 36:33 по 20 минути игра, потоа со пет разлика по три четвртини, предност која остана до самиот крај.

Едвин со 19 кошеви и 8 скока беше далеку најдобар поединец кај поразените, додека кај победникот шестмина играчи беа двоцифрени, а лидер беше Андерсон со дабл-дабл од 20 поени и 11 скока.

To top