МЗТ Скопје Аеродром и по трет пат беше подобар противник од ТФТ Моцарт за сигурни 72:58 и конечни 3-0 во полуфиналната плеј-оф серија од Првата македонска кошаркарска лига.
Кај МЗТ Баковиќ застана на 14 поени, а Делалиќ, браќата Војдан и Дамјан Стојановски имаа по 10. За ТФТ „дабл-дабл“ учинок од 14 поени и 17 скокови имаше Хаутон, а 10 поени забележа Луис.
Противник на „металците“ во големото финале ќе биде победникот од втората полуфинална пресметка каде моментно кошаркарите на Пелистер водат со 2-1 против екипата на Работнички.