Актуелниот македонски кошаркарски шампион, МЗТ Скопје, го отвори седмото коло од домашното првенство, триумфирајќи над скопскиот ривал Вардар (110:79).
Вардар со подмладен состав прикажа добра игра во првото полувреме, посебно во првиот период кој му припадна на овој тим со 27:22.
МЗТ сепак веќе на паузата имаше комотна предност, а во третиот период и го реши прашањето на победникот, со што само рутински го затвори овој натпревар.
Бајрам со 20 и Марјановиќ со 18 поени биле најефикасни во редовите на „црвено-црните“, додека кај МЗТ, Андоновски стигна до 19, а Дамјан Стојановски до 16 поени.
За МЗТ ова е петта победа на седум одиграни натпревари, додека Вардар останува на дното и по седмиот пораз во серија.