Кошарка

МЗТ Скопје подобар од Работнички

МЗТ Скопје подобар од Работнички

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја потврди фаворитската улога во дуелот со вечниот ривал Работнички.

Во дербито од 10.коло на супер лигата, одиграно во „Кале“, актуелниот шампион МЗТ Скопје славеше победа со 72-90.

Првиот период мина во израмнета игра во која сино-белите од Аеродром почесто беа во предност, а на првата пауза замина со водство 21-25.

Затоа во вториот квартал, шампионот, уфрли „во поголема брзина“. д минува во минута ја зголемуваше предноста, а најголемата изнесуваше +16. На паузата меѓу двете полувремиња, МЗТ замина со позитива од +14 (37-51).

Таквата предност на искусниот тим од Аеродром и донесе и помирно второто полувреме, кое знаеја како да го приведат до крај во своја полза.

Најефикасен во победничката екипа на МЗТ беше Eлајџа Мекејден со 22 поени, додека Војдан Стојановски додаде 18.

Во поразениот тим на Работнички, најрасположен поентерски беше Брендон Алстон кој постигна 20 поени, но тоа не беше доволно да се избегне петтиот пораз.

 

Теми на денот

To top