Македонските кошаркарски екипи со денешната ждрепка ги дознаа противниците за новото издание на АБА2 лигата, во која и во следната сезона ќе има три претставници од нашата земја, МЗТ Скопје,Пелистер и Работнички.
МЗТ Скопје Аеродром ќе играат по системот дома-гости со Хелиос, Цедевита јуниор и со Теодо, со што македонскиот првак е голем фаворит за продолжување на настапот во следната рунда од натпреварувањето.
Вицешампионот Пелистер е дел од групата Ц во која уште се наоѓаат и Подгорица, тим што лани го елиминираше Златибор во плејофот од АБА2, потоа Широки бријег и составот на Вршац.
Работнички беше извлечен во групата Б со Војводина, Босна и со Сутјеска. Пелистер во првото коло ќе ја пречека екипата на Широки бријег во Битола, а Работнички исто така ќе биде домаќин на почетокот на сезоната, со меч против Сутјеска.
Двете најдобри екипи од секоја група обезбедуваат пласман во следната фаза, каде повторно ќе бидат формирани две групи од по четири тима.