Кошарка

МЗТ Скопје падна пред Пелистер

МЗТ Скопје падна пред Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер забележа голема победа на гостински терен кај актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 72-66.

Ова е прв пораз за „штрковите“ во Аеродром кога се работи за натпреварите во домашниот шампионат од октомври 2022 година, кога тимот загуби од Гостивар.

Најдобар стрелец кај пелистерци беше Андреј Магдевски со 20 поени, пред Стефан Мијовиќ со 15 поени, додека Костоски, Маслинко и Планиниќ имаа по 11 постигнати поени. Кај МЗТ, Расел имаше 16, а Крстевски финишира со 13 поени.

За МЗТ Скопје ова беше втор пораз во актуелната сезона. И тоа во најлош момент, пред дербито со КК Работнички.

Тимот има скор 12-2. Пелистер ја забележа десеттата победа и со скор 10-4 е на третото место.

To top