Кошарка

МЗТ Скопје новата сезона во АБА 2 ја стартуваше со победа

МЗТ Скопје новата сезона во АБА 2 ја стартуваше со победа

Успешен почеток на новата сезона во АБА 2 лигата за кошаркарите на МЗТ Скопје.

Пред своите верни навивачи во СЦ „Јане Сандански“ со доста подобро издание во вторите 20.минути, го совлада српскиот претставник, екипата на Вршац 75:63

Гостите беа за нијанса подобар ривал во првиот дел од играта. Впрочем Вршац го доби првото полувреме со резултат (37:34).

Но по паузата, се беше на страна на македонскиот шампион. За кратко време „сино-белите“ ја анулираа таа ситна негативна разлика. Одиграа одлично во фазата на одбраната, на противникот му дозволија да реализира само 11. поени за 10.минути игра во третата четвртина.

Доволно заИ не застанаа тука избраниците на тренерот Васко Атанасов, во исто темпо ги одиграа и наредните десет во кои обезбедија убедлив триумф, како одлична увертира пред мечевите кои следуваат во регионалното натпреварување во кое аеродромци секогаш имаат високи амбиции.

На премиерниот меч во сезоната, Мек Кејден постигна 21.поен, имаше и шест скока и три асистенции. Одлични минути имаше и Смит Мексвејн кој додаде 18, а десет поени дојдоа од третиот странски кошаркар, Дејвис (плус и пет скока).

Во второто коло од регионалната лига, МЗТ Скопје ќе се сретне со екипата на Сутјеска, Натпреварот е закажан за 22. октомври, а ќе се игра во Никшиќ. комплетен пресврт (56:48).

To top