Натпреварот меѓу Чаир и МЗТ Скопје не го доживеа крајот откако на полувремето гостинскиот тим бил нападнат во соблекувалната.
На полувремето МЗТ Скопје водеше со 44-42 против тимот на Чаир 2030, а во вториот дел кошаркарите на шампионот не се појавија на теренот. На одморот се случил голем инцидент во кој неслужбени лица ги нападнале кошаркарите и тренерите на МЗТ Скопје.
„Натпреварот на гостински терен кај Чаир 2030 е прекинат по нападот на неофицијални лица врз нашите тренери и кошаркари во соблекувалната за време на полувремето. Во моментов најважно е здравјето и безбедноста на нашите момци, а повеќе детали за инцидентот очекуваме во текот на утрешниот ден!“, се вели во соопштението на МЗТ Скопје.
Ова не е првпат во салата „Шабан Трстена“ да се случуваат големи инциденти.