Кошарка

МЗТ Скопје купува од Игокеа

МЗТ Скопје купува од Игокеа

МЗТ Скопје е во преговори за ангажман на ново засилување во своите редови, и тоа од редовите на АБА-лигашот Игокеа.

Станува збор за репрезентативецот на БиХ, Харис Делалиќ, кошаркар висок 200 сантиметри кој настапува на крилната позиција и во наредниот период би требало да му се приклучи на актуелниот шампион на Македонија.

Делалиќ (29 години) е играч кој од 2022 е член на Игокеа, а претходно има настапувано за Слобода Тузла, Челик Зеница, Босна, Какањ.

Делалиќ единствените меѓународни предизвици ги имал во Белгија, каде настапувал за екипите на Шарлроа и на Лувен.

To top