Кошарка

МЗТ Скопје ќе учествува на кошаркарски турнир во Кина

МЗТ Скопје ќе учествува на кошаркарски турнир во Кина

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром објави дека ќе учествува на силен турнир на Кина.

„Аеродромци кон крајот на следниот месец ќе заминат во кинескиот град Чонгкинг, кој се наоѓа во истоимената провинција во оваа трета по големина земја во светот. Овој турнир ќе биде исклучително квалитетен, со оглед што освен нашиот тим на него ќе настапат и кинескиот шампион Лиаонинг и вицешампионот Ксинјанг додека името на четвртата екипа, која исто така ќе биде од Европа, дополнително ќе биде објавено“, објавија од кошаркарскиот клуб.

To top