Неизвесноста во натпреварот траеше само во првите неколку минути, кога противникот поведе со 9-4 по што скопскиот тим врати со десет поени во низа, го презеде водството кое не го испуштив до самиот крај. До крајот само ја зголемуваа позитивата до највисоки плус 24 (79-55) пред крајот на третиот период, по што рутински го привршија дуелот со хрватскиот претставник.
Харис Делалиќ беше најпрецизен за „штрковите“ со 16 поени, пет скока и четири асистенции, а веднаш зад него беа Марко Баковиќ со 15 поени и седум скока и Ејасу Ворку со 15 поени и шест асистенции.
МЗТ е петтопласиран со скор 6-3 во пресрет на последниот меч на турнирот во Нови Сад, кој ќе го одигра во недела против домашната Војводина (18 часот).