Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со Пелистер, ТФТ остана на врвот

МЗТ Скопје го доби дербито со Пелистер, ТФТ остана на врвот

Во дербито одиграно во ,, Јане Сандански” шампионот МЗТ Скопје аеродр6ом го совлада битолски Пелистер со 87-73.

По израмнетите три четвртини, во кои двете екипи се менуваа во водството, аеродромци го скрши отпорот на битолчани во последниот квартал.

Ги доби завршните десет минути МЗТ со 11 поени разлика ја потврди својата шеснаесетта ова сезонска победа.

Американецот, МекКаден беше прво име натпреварот, а го заврши со 25 поени додавајќи 9 скокови во победничката екипа.

Но шампионот, остана на 2.место на табелата, откако очекувано ТФТ во првиот денешен натпревар славеше против фенерџијата Ангели убедливо со 95-66.

Се одигра уште еден натпревар во Скопје во кој кавадаречки Тиквеш како гостин го победи Феникс со 76-87. Исто така во скопје во те и последниот натпревар од денешната програма а во него играат Чаир и Работнички.

За утре закажани се два натпревари Маџари – Кожув и Куманово – Гостивар.

To top