Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром во пет дополнителни минути го совлада Гостивар со конечни 96:90 во шестото коло од Првата машка кошаркарска лига.
Копривица на крајот застана на учинок од 22 поени, имаше и девет скока, Слај дојде до 20, В. Стојановски дополни со 12 (и по шест скока и исто толку асистенции), а Баковиќ заврши со 11.
На другата страна, четири двоцифрени стартери на Гостивар. Ги предводеше Митевски со 27 поени, (по три скока и три асистенции), Родес додаде 24 (по четири скока и асистенции), Грушановиќ имаше 21, а Соколов уште 12 поени.
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6.КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 96:90
Чаир 2030 – Вардар 104:80
Кожув – МКК Куманово 82:74
Шкупи – Тиквеш Голден Игл 85:82
Пелистер – Феникс 2010 110:93
11 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
18.00: Работнички – ТФТ
ТАБЕЛА: Чаир 2030 11 бодови, Пелистер 11, МЗТ Скопје Аеродром 10, ТФТ 10 (-1), Работнички 9 (-1), Кожув 9, Гостивар 8, Тиквеш Голден Игл 8, МКК Куманово 8,, Шкупи 8, Феникс 2010 7, Вардар 6.