Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром играа со доста осцилации, и на крајот беа казнети од екипата од Домжале која славеше со резултат 72:70 во АБА 2 лигата.
Македонскиот шампион испушти предност од шест поени во последната четвртина и на крајот загуби од словенечкиот пред своите гледачи во СЦ „Јане Сандански“.
Слај и Едвин заедно искомбинираа 37 поени во редовите на МЗТ кој во следното четврто коло на 5 ноември ќе игра против истиот тим, но овој пат во Домжале.