Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром се засили на центарската позиција

МЗТ Скопје Аеродром се засили на центарската позиција

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го претстави второто засилување за натпреварувачката 2024/2025 и тоа на центарската позиција.

Тоа е Милош Копривица со кого е потпишан едногодишен договор. Се работи за играч кој бил дел од Партизан, Мега, Слобода Ужице, Ловќен, Подгорица, Сутјеска, а во МЗТ доаѓа од Унгарија од редовите на Капошвар.
Претходно „штрковите“ го договорија Американецот, Брандон Слај, а пак нови договори потпишаа Марко Баковиќ и браќата Дамјан и Војдан Стојановски.
Договор со клубот имаат уште и Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.
To top