Три натпревари одиграни во 20 коло од машката кошаркарска суперлига. Сите три завршија со порази на фаворитите.
Најголемото изненадување се случи во Гевгелија, каде шампионот МЗТ Скопје Аеродром аеродром загуби од Кожув 88-80.
Дека аеродромци по елиминацијата од оваа АБА2 лигата влегуваат во криза, најдобро се покажа на овој натпревар. Само двапати гостите од Скопје има по два поени предности.
Се останато минато во знакот на домашниот состав на Кожув кој впиша важна победа.
Со неа Кожув се проби на четвртото место на табелата, со бод повеќе од Маџари кој денеска загуби. На гостувањето во Гостивар истоимената домашна екипа, тимот на Маџари беше поразен со дваесет поени разлика 86-66.
До важна победа стигнаа и кошаркарите на Феникс. Избраниците на Денис Дервишевиќ славеа на теренот на Чаир со 67-81 . Со овој триумф Феникс ги задржа шансите за влез меѓу осумте најдобри а со тоа и пласман во плејофот.
Шампионот МЗТ Скопје останува лидер на табелата со само со бод повеќе од ТФТ, тим кој удри во игра дербито против Пелистер.