Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје доби парична казна во износ од 30.000 денари од дисциплинската комисија поради тоа што на последниот натпревар против МКК Куманово во „Јане Сандански“ имаше навивачи.
Актуелниот шампион претходно за инцидентите во дербито со Работнички доби казна од еден натпревар без гледачи, но против Куманово на трибините имаше публика, па сега клубот од Аермодром ќе мора да плати казна.
„Во еден момент од натпреварот упаднала поголема група на домашни навивачи кои запалиле два факела и пееле навивачки песни и упатувале навредливи и вулгарни зборови кон раководството на КФСМ. Во тој момент натпреварот бил прекинат и паузата траела осум минути. Потоа навивачката група мирно ја напуштила салата“, стои во извештајот од делегатот.