Двата скопски тима, ТФТ и МЗТ Скопје ќе играат во финалето на Меморијалниот турнир „Андреј Грковски“ во СРЦ „Кале“.
Убедлива победа запиша шампионот МЗТ Скопје против Работнични со 67-52 и најави успешна сезона. Момците на Атанасов доминантно ја почнаа средбата, уште по првата четвртина дојдоа до 22-6, разлика која ја задржаа до самиот крај.
Војдан Стојановски со 10 поени и 6 скока беше најефикасен кај „металците“, Марин Петков и Милош Копривица постигнаа по 9 поени, додека Андреј Магдевски и Марко Баковиќ дополнија со по 7 поени.
МЗТ Скопје во финалната пресметка ќе игра против ТФТ, кој славеше против Кожув со 78-72.