Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер во битка за трофејот во Супер Купот

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер во битка за трофејот во Супер Купот

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе ја имаат првата битка во новата сезона и тоа во рамките на Суперкупот кој го носи името „Драган Василов-Цевка“.

Средбата се игра од 19:30 часот во СРЦ „Кале“, а од таборот на двете екипи доаѓаат исти пораки дека трофејот мора да се освои.

-Натпреварите со Пелистер секогаш се возбудливи и до крај неизвесни, па така очекувам да биде и во „Кале“. Противникот има релативно нов тим, кој допрва треба да го анализираме, но клучно за крајниот исход на оваа средба ќе биде начинот на кој ние ќе одиграме. Ако во дефанзивата бидеме како против Теодо, а убеден сум дека ќе бидеме далеку подобри во нападот, тогаш сигурно ќе бидеме многу блиску до посакуваниот трофеј. Ја прифаќаме фаворитската улога и сигурен сум дека ќе ја потврдиме на паркетот, -порача тренерот на „штрковите“, Васко Атанасов.

-Имаме сериозен ростер и ќе играме компетитивно во сите натпреварувања. Атмосферата е феноменална, имавме добри подготвителни натпревари и спремни сме за она што ни следи веќе деновиве. Цел ни е да играме убава кошарка ‘за око’, како што тоа беше случај веќе во подготовките.

-Освојување на Суперкупот би значело многу. Тоа би бил прв трофеј за клубот. По толку финалиња и успеси ни недостига еден трофеј и многу би значел за екипата. Во еден натпревар сите опции се отворени. Очекувам добар и гледлив натпревар и победа, -рече пак предводникот на Пелистер, Александар Петровиќ.

To top