Трета убедлива победа за МЗТ Скопје Аеродром во претсезоната, овој пат против ТФТ 81-56 во финалната средба од турнирот “Андреј Грковски” кој во изминатите денови се играше во СРЦ „Кале“.
Андреј Магдевски беше најпрецизен со 15 поени и седум скока, Марин Петков реализира 11 поени, додека Војдан Стојановски и Марко Баковиќ постигнаа по девет поени.
Младиот Петков има и двојна причина за славје, со оглед што го доби признанието за најкорисен (МВП) кошаркар на турнирот.