Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје ги започна подготовките за натпреварувачката 2024/2025, сезона во која екипата одново ќе биде предводена од Васко Атанасов.
Клубот од Аеродром успеа да ги продолжи договорите со Дамјан и Војдан Стојановски како и со Бојан Крстевски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Марин Петков и Хрватот Марко Баковиќ. Присутни беа и двете засилувања Брандон Слај и Милош Копривица.
„Штрковите“ најавуваат дека целта во оваа сезона ќе биде да се одбранат домашните трофеи, но и да се нападне влезот во регионалната АБА лигата, поточно да се дојде до промоција во најквалитетната конкуренција.