Кошаркарот на Девствените острови Дион Едвин е четврто странско засилување за македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром кој потпиша договор на една година.
Минатата сезона ја помина во ДЕАК од Дебрецен и во просек постигнуваше 13,3 поени, 5,3 скока и асистенции.
МЗТ Скопје го комплетира ростерот на кошаркари за следната сезона со ангажманот на Дион Едвин.
Покрај него, во тимот се уште Брандон Слај, Марко Баковиќ, Милош Копривица од странцитте, а од домашните кошаркари се браќата Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.