Кошарка

МЗТ преку Работнички до финале во Купот на Македонија

МЗТ преку Работнички до финале во Купот на Македонија

МЗТ Скопје е првиот финалист во Купот на Македонија откако вечерваславеше во пресметката против Работнички со 81-76. Аеродромци доминираа во голем дел од мечот, „црвено-белите“ успеваа да се вратат, но не и да го свртат резултатот во своја полза.

На крајот, пресуди класата на Војдан Стојановски откако големиот ас одигра уште еден меч за паметење, со 18 поени, осум асистенции и шест украдени топки носејќи го МЗТ кон мечот за одбрана на трофејот.

Војдан го заврши мечот со 18 поени, четири скока (три од нив офанзивни), осум асистенции и шест украдени топки, 18 поени реализираше и Танасковиќ, додека Ворку и Дамјан Стојановски постигнаа по 12 поени во овој триумф на МЗТ Скопје.

Кај Работнички најефикасни во вечерашниот пораз беа Трајс со 20 и Декози со 19 поени.

Во второто полуфинале вечерва од 19.30 часот се среќаваат екипите на Пелистер и Еуро Никел.

To top