Кошарка

МЗТ и Пелистер сигурни на домашен терен, Куманово лесно излезе на крајот со ТФТ

МЗТ и Пелистер сигурни на домашен терен, Куманово лесно излезе на крајот со ТФТ

МЗТ Скопје и Пелистер ја завршија календарската 2024 година со сигурни победи на домашен терен, а тоа важи и за МКК Куманово кој ја продолжи победничката серија во дуелот со ТФТ.

МЗТ без проблеми го совлада Чаир (90:54) за задржување на својата позиција на табелата, a најефикасни во скопскиот состав беа Маслинко со 16 и Миловановиќ со 14 поени.

Во Битола, Пелистер славеше над Тиквеш со 95:88, а Мишковиќ со 18 бил предводник меѓу реализаторите во редовите на победничкиот тим. Хил реализирал 30 поени во гостинскиот состав.

Куманово стигна до шеста победа по ред во шампионатот, нанесувајќи му го вториот пораз по ред на ТФТ (78:59), кој сепак останува во Топ 3 друштвото на врвот на табелата.

 

To top