Панатинаикос ја победи Виртус Болоња со 84:71 во 21-то коло од Евролигата. Грчкиот тим ја оправда својата улога на фаворит и ја прекина серијата од два порази.
Тимот на Ергин Атаман на тој начин му се одмазди на Виртус за убедливиот пораз во Италија во првиот дел од сезоната (92:75).
Најдобри играчи за победникот беа Кендрик Нан со 21 поен и Холмс со 16 поени и девет скока. Американецот со македонски пасош,
Ти-Џеј Шортс имаше четири поени и пет асистенции, додека Џеди Осман беше стрелец на 11 поени. На другата страна, Карсен Едвардс постигна 24 поени, а Мет Морган 12 поени.
Дербито му припадна на Мoнако, кој славеше против Валенсија со 92-101. Гостите одиграа одлично во втората четвртина добивајќи ја со 14-27.
Овој момент беше клучен, добија ветер во грб и зачекорија поцврсто кон победата. Диало беше стрелец на 17 поени, еден помалку имаше Недовиќ. На другата страна Тејлор имаше 18 поени.
После овој меч и двата тима имаат ист скор од 14 победи и 7 порази.
На останатите средби Дубаи го победи Фенербахче со 92-81, додека пак Реал беше подобар од Макаби со 98-86.