Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години доживеа пораз од Црна Гора од 66:55 на првиот тест во Подгорица.
Избраниците на селекторот Смилковски имаа добри и лоши минути на овој дуел, но се боревме низ целиот натпревар што е позитивно за прва контрола во овие подготовки за Европското првенство-Дивизијата „А“ во Гдиња.
Најефикасен наш играч беше Стојаноски со 15 кошеви, а двоцифрен беше уште Бошалески со 11 кошеви.