Кошарка КФСМ

Младинскиот репрезентативец Ќириловски нов кошаркар на Игокеа

Ќириловски, кој последните шест години ги мина во дресот на Водно Санс, е втор репрезентативец на Македонија кој ќе заигра во дресот на Игокеа, по Теодор Симиќ кој стана дел од овој клуб во 2022 година.

Младинскиот репрезентативец Ќириловски нов кошаркар на Игокеа

Македонскиот младински репрезентативец Коста Ќириловски ќе ја продолжи кариерата во странство, откако денеска потпиша договор со Игокеа.

Актуелниот шампион на Босна и Херцеговина и воедно еден од најтрофејните босански кошаркарски клубови, кој се натпреварува во регионалната АБА лига покажа интерес за македонскиот репрезентативец кој ова лето со јуниорската репрезентација го освои првото место на младинскиот Евробаскет, одржан во Скопје, за кошаркари до 18 години.

To top