Во натпреварот за пласман од 13. до 16. место на ЕП за кошаркари до 20 години во Полска, нашата машка селекција загуби од селекцијата на Исланд со убедливи 116-87.
Шошкиќ заврши со 19 поени, Јовановиќ заврши со 17 поени, Иванов запиша 15, а Симиќ додаде 11 поен.
Нашите кошаркарски младинци со овој пораз, по само една година помината во елитата, се враќаат во Б-дивизијата.
Така, во последниот натпревар од турнирот во Гдиња, во недела, нė чека поразениот од натпреварот во кој се среќаваат селекциите на Турција и на Црна Гора за избегнување на последното место на ова Европското првенство.