Кошарка МКФ

МКК Куманово последен полуфиналист во Купот

Утре во првото полуфинале од 17 часот ќе играат бранителот на пехарот МЗТ Скопје Аеродром – Кожув, а од 19:30 часот е дуелот меѓу МКК Куманово и ТФТ.   

МКК Куманово последен полуфиналист во Купот

Организаторот и домаќин на завршницата на Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ екипата на МКК Куманово со победата од 75:66 (17:18; 20:23; 17:15 и 21:10) во последното четвртфинале успеа да избори пласман во полуфиналето од ова натпреварување. МКК Куманово до победата дојде благодарение на одличната последна четвртина и во последните четири минути успеа да направи серија од 14:3 што се покажа како клучно.

Инаку, во првиот период (5 минута) гостите од Битола незадоволни што не им беше дозволен влез на нивните навивачи го напуштија теренот. Но, пред истекот на временскиот рок се вратија и натпреварот продолжи со техничка грешка на тренерот на гостинскиот тим Борче Даскаловски. Во продолжението до средината на последниот период двете екипи се менуваа во водството, а незадоволен од уште една судиска одлука реагираше гостинскиот тренер и поради втора техничка натпреварот за него заврши во 37.минута.

Најефикасен на дуелот со 22 поена беше играчот на Пелистер Никола Малешевиќ, додека кај победникот Урош Луковиќ реализираше 20 поени.

Резултати на другите четвртфинални дуели: ТФТ – Феникс 98:71, МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 100:69 и Кожув – Маџари 84:80.

Утре во првото полуфинале од 17 часот ќе играат бранителот на пехарот МЗТ Скопје Аеродром – Кожув, а од 19:30 часот е дуелот меѓу МКК Куманово и ТФТ.

To top