Кошарка

МКФ со висока казна за Пелистер за настаните во Куманово на Купот на Македонија!

МКФ со висока казна за Пелистер за настаните во Куманово на Купот на Македонија!

Една седмица по одигрувањето на натпреварите во кошаркарскиот Куп на Македонија, изречени се казните за прекршителите на правилата.

Екипата на Пелистер мина со најголеми казни. Пелистереци кои имаа амбиции за трофејот беа елиминирани во првата рунда (четвртфиналето) од домаќинот Куманово.

Натпреварот го одбележа повеќе минутниот прекин, откако битолчани се повлекоа од теренот. По мечот, тие имаа и свои забелешки за судењето, па и тоа не мина не казнето.

Касата на Пелистер ќе биде олеснета за 128.000 денари. Казна си коментирање на судењето заработи и екипата на ТФТ, а за расистичко навивање кумановци се казнети со 16.000 денари.

 

To top