Кошарка

МКФ: Ние немаме никаква одговорност за одлуката за враќање на навивачите

МКФ: Ние немаме никаква одговорност за одлуката за враќање на навивачите

Кошаркарската федерација на Македонија се огласи по повод вчерашното враќање на навивачите на Кожув и серијата прашања кои што гевгеличани ги бараат. Имено, еден автобус со навивачи на кошаркарскиот клуб Кожув беше вратен од половина пат за Скопје, по што клубот незадоволен од целата ситуација реагираше со соопштение.

На тоа КФМ одговори дека тие како Федерација немаат никаква одговорност за настанатата ситуација.

„Во врска со настанот од 28.09.2025 година на Супер купот „Драган Василов – Цевка 2025“, кога навивачката група „Фантоми“ организирана од КК „Кожув“ (Гевгелија) беше вратена и не им беше дозволено присуство на натпреварот против КК МЗТ Скопје, Македонската кошаркарска федерација (МКФ) сака да истакне:

И покрај пропозициската обврска на гостинскиот клуб (КК „Кожув“) да ја пријави навивачката група најдоцна 72 часа пред натпреварот, пријавата беше доставена околу 30 часа пред почетокот. Федерацијата во целост ги презеде сите активности за организација, а натпреварот беше уредно пријавен.

Сепак, МКФ не носи никаква одговорност за одлуката за враќање на навивачите – конечната процена на безбедносните ризици е во исклучива надлежност на органите кои ги донесуваат тие одлуки. Воедно, МКФ ја користи оваа прилика да ги поздрави сите љубители на кошарката и спортот воопшто, охрабрувајќи ги да продолжат да ја следат играта со фер-плеј и позитивна енергија. Со почит, Македонска кошаркарска федерација“, стои во соопштението на КФМ.

Инаку, Кожув го загуби Суперкуп-дуелот од МЗТ Скопје, одигран во СРЦ „Кале“.

Поврзани теми

To top