Капитенот на македонската женска кошаркарска репрезентација, Анџелика Митрашиновиќ, очекува големо залагање од сите нејзини колешки кои ќе добијат шанса за настап на вечерашниот натпревар со Португалија во квалификациите за Европското првенство 2025.
– Очекувам да одиграме две добри средби и да го покажеме квалитетот кој го прикажавме на оној натпревар против Босна и Херцеговина на гостински терен. Тоа значи борбеност, оставање срце на терен и доста квалитетна игра. Прв ривал ни е Португалија, знаеме за каква репрезентација се работи, потоа ни следи Србија. И двете селекции играат доста агресивно. Се надевам дека ќе бидеме коректни, на двете страни од теренот и ќе забележиме позитивен резултат. Јас верувам дека секоја од нас ќе го даде максимумот до последната секунда, изјави Митрашиновиќ за сајтот на КФСМ.
Натпреварот со Португалија, Македонките ќе го играат вечер од 21:30 часот во Матошинос.
Селекторот на македонската репрезентација Александар Ашаданов за овој меч најверојатно нема да може да смета на повредената Александра Стојановска.
На првиот натпревар од 1. коло во Г-групата, од 18 часот Србија ќе биде домаќин на Украина.