Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Марио Хезоња извесно време ќе биде надвор од терените поради мистериозна болест.
Хезоња не го пропушти финалето на шпанскиот Суперкуп, кое му припадна на Уникаха (90:80), а дури по натпреварот тренерот Чус Матео откри дека неговиот кошаркар веќе извесно време има вирус.
– Изгуби шест до седум килограми и сега мораше да ги „врати“. Веќе некое време повраќаше, имаше дијареа и висока температура. Ќе се обидеме да работиме со него за што побрзо да се врати во форма, изјави тренерот на Реал Мадрид без информација кога Хезоња ќе се врати на паркетот.