Минесота славеше над Мемфис со 118:103 во НБА меч Ентони Едвардс и беше најзаслужен за победа на домашниот тим.
Едвардс беше предводник во победничкиот тим со 28 поени, од кои 26 постигна во второто полувреме. Посебно атрактивно беше едно забивање и тоа во моментите кога неговиот тим ја бркаше предноста на противник.
Минесота сега има скор од 30 победи и 11 порази, па до крајот на сезоната ќе се обидат да го достигнат клупскиот рекорд од 58 победи во една сезона, постигнат во сезоната 2003/04. Тоаа сезона тимот играше и во финалето на Западната конференција.
Резултати: Њујорк – Вашингтон 113:109, Торонто – Чикаго 110:116, Јута – Оклахома 129:134, Минесота – Мемфис 118:103, Сакраменто – Индијана 121:126.
ANTHONY EDWARDS ARE YOU KIDDING 😳
⭐️ » https://t.co/adpbBYDQ4T pic.twitter.com/Slhm57U20Y
— Minnesota Timberwolves (@Timberwolves) January 19, 2024