Шејк Милтон е новото засилување на кошаркарскиот клуб Партизан.Како што пишува „Телеспорт“, 28-годишниот бек потпиша двегодишен договор со црно-белите и ќе заработува 1.200.000 долари следната сезона.
.Милтон играше во Филаделфија во период кога тимот редовно стигнуваше до полуфиналето на Источната конференција, а беше дел од тимот кој во сезоната 2020/21 во лигата го зазеде првото место на Истокот.
Таа сезона тој имаше и најдобра статистика во НБА со просек од 13 поени по натпревар, 3,1 асистенции, 2,3 скока за 23,2 минути. Тој беше и еден од најважните играчи кога ѕвездата на тимот, Џоел Ембиид, ја освои наградата за најкорисен играч во 2023 година.