Олимпија Милано реши да му го продолжи договорот на еден од најдобрите италијански тренери Етор Месина до 2026 година.
Навивачите во изминатиот период вршеа притисок врз управата на клубот да му даде отказ на Месина, меѓутоа Милано покажа дека има доверба во стратегот.
Милано оваа сезона има лош почеток и запиша само четири победи на 11 натпревари во Евролигата.