Олимпија Милано оствари значајна победа на тешкото гостување во Каунас кај Жалгирис во Евролигата.
Италијанскиот состав иако ослабен успеа да пронајде начин да се избори за триумф од 89:87 и со тоа воедно да избегне дргуо сценарио во кое ќе имаше идентичен учинок со денешниот противник. Во отсуство на Миротиќ, лидер е Ледеј кој испорача 26 поени со 5 скока.
Нашиот Димитријевиќ за 15 минути на паркетот уфрли 4 поени со 3 скока, 5 асистенции и 1 украдена топка. На спротивната страна залудни беа 29 кошеви на Франциско.
Црвена Звезда пак дојде до победа и во вториот евролигашки меч во оваа седмица и тоа против Алба во Берлин. Клубот од Белград беше подобар со 77:71 во соочување во кое во прв план беше Петрушев со 17 кошеви и 4 скока.
Останати резултати: Фенербахче-Реал Мадрид 78:67, Панатинаикос-Анадолу Ефес 104:89, Баерн Минхен-Асвел 76:67