Кошарка

Месина: Уживав како Ти-Џеј Шортс малтретираше додека игра

Месина: Уживав како Ти-Џеј Шортс малтретираше додека игра

Италијанскиот кошаркарски гигант Олимпија Милано на своја кожа ја почувствува моќта на Ти-Џеј Шортс. Париз славеше победа од 92-79, а Шортс постигна 24 поени, со десет асистенции и шест скока, како и две украдени топки.

„Очигледно е дека Ти-Џеј Шортс доминираше . Беше неверојатен. Нема да ми верувате, но дури уживав гледајќи како нè малтретира. Сите сме импресионирани од неговата игра на овој натпревар”, изјави Месина, тренерот на италијанскиот клуб.

На овој натпревар поради повреда не настапи вториот македонски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.

To top