„Еурохупс“ објави интервју со италијанскиот тренер Еторе Месина, во кое коментираше и за нашиот кошаркарски репрезентативец кој во Евролигата во првиот меч, Нено имаше 10 поени, шест скока и пет асистенции, додека во вториот заврши со девет поени, со шут 0/2, 3/7 за три и три загубени топки.
Тренерот Еторе Месина говореше за македонскиот плејмејкер и застана во негова одбрана.
„Верувам дека сите момци и Димитријевиќ имаат квалитет и верувам во него. Ајде ние да продолжиме да работиме, па ќе го достигнеме нашиот целосен потенцијал“, изјави тренерот на италијанската екипа.