НБА лигата продолжува со ширењето на своето присуство во Европа, а во јануари ќе бидат одиграни два официјални натпревари од регуларната сезона надвор од Соединетите Американски Држави.
Мемфис Гризлис и Орландо Меџик ќе ги одмерат силите на европска почва, во рамки на специјалната програма на лигата.
Првиот натпревар е закажан за 15 јануари во Берлин, додека вториот ќе се одигра на 18 јануари во Лондон.
Овие дуели се официјални натпревари од НБА сезоната и ќе бидат дел од стратегијата на лигата за приближување на кошарката до европската публика.