Мек Мекланг стана само петтиот кошаркар во историјата кој успеал два пати по ред да победи на натпреварот во забивање на НБА ол-стар викендот, а тоа му успеа со забивање преку легендарниот Шекил О’Нил.
Талентираното момче кое настапува во Г-лигата, во финалната рунда за противник го имаше Џејлен Браун од Бостон, но успеа да освои максимална оценка со забивањето преку Шек и ја одбрани титулата освоена минатата година.
EVERY ANGLE of this Mac McClung 5⃣0⃣ pic.twitter.com/gh76xp2Gay
— NBA (@NBA) February 18, 2024
Слично сценарио се случи и во натпреварот во шутирање тројки, каде Демијан Лилард излезе како победник и втора година по ред е број еден тројкаш на НБА Ол-стар викендот.
Во финалната рунда, Лилард се соочи со Тре Јанг од Атланта и со триумфот стана осми играч кој два пати победил во натпреварот во шутирање тројки.
ICE IN HIS VEINS 🥶
Watch the final rounds from 2023 and 2024 as Dame Lillard wins his second-straight #Starry3PT ⌚️ pic.twitter.com/pV3EVabQam
— NBA (@NBA) February 18, 2024
Натпреварот во кошаркарски вештини му припадна на Тим Пејсерс, за кого настапуваа Халибартон, Мадерин и Тарнер.