Адем Мекиќ повторно ќе биде дел од составот на машката кошаркарска репрезентација, овој пат во претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2029 година.
Први предизвици за селекцијата во овој циклус ќе бидат Азербејџан и Ирска.
„Како што е веќе познато за нас, секој циклус имаме нов состав. Се надевам на одлична пред се тимска хемија, затоа што имаме спој на младост и искуство за разлика од летото. Имаме играч како Војдан Стојановски, потоа Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски… сигурно на хартија сме подобра екипа одошто бевме летото, пред се поискусна, подоминантна екипа. Се надевам на добри прикажани мечеви на енергетски и тимски план и на позитивни резултати. Првиот меч го играме дома, тоа е еден голем плус за нас. Овој циклус е таков каде нема многу време за тактика, во овој циклус ќе одлучува тимската хемија и енергијата.
Прв противник ни е Азербејџан, немам јасна слика за нив, но од она што го чув во Косово затоа што тие играа претходно против нив се дека играат цврста кошарка. Сигурен сум дека тренерите ќе ни ги обезбедат сите информации и ќе влеземе спремни со нив“, изјави Мекиќ.
Натпреварот против селекцијата на Азербејџан, Македонија го игра дома (27 ноември) во СРЦ „Кале“, а потоа следи гостување кај Ирска (30 ноември).