Кошарка Македонска кошаркарска репрезентација

Мекиќ го пропушта и натпреварот со Унгарија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ нема да биде во составот за средбата со Унгарија

Мекиќ го пропушта и натпреварот со Унгарија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ нема да биде во составот за средбата со Унгарија

Искусниот кошаркар се обиде, да се врати назад во некој нормален тренажен процес. Но работите не одеа според неговите очекувања.

-Проблемите кои почнаа уште при она гостување во Романија, се посилни од мојата желба за играње. Лекарскиот тим констатираше дека станува збор за истегнување на лигамент на десното колено, и нивните препораки се дека треба да „поминам“ десетдневен лекарски третман за да биде санирана оваа ситуација, која за жал ме одвои од тимот во оваа фаза од претквалификациите. Тука сум со тимот, остануваме оптимисти пред дуелот со Унгарија, изјави Мекиќ.

Натпреварот е закажан за утревечер од 19 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Македонската репрезентација е без шанса за пласман во квалификациите за Мундобаскет 2027.

To top