Кошарка

Меч ќе се одигра во чест на големиот Дражен Петровиќ

Меч ќе се одигра во чест на големиот Дражен Петровиќ

Во Загреб ќе биде оддржана свеченост во чест на големата кошаркарска легенда на Хрватска Дражен Петровиќ.

Порталот Jurohups тврди дека форматот на дуелот ќе биде Хрватска против „Тимот на странците“, а во домашната екипа ќе настапуваат бројни сегашни и екс НБА играчи.

Во прашање се Богдан Богдановиќ, Ивица Зубац, Дарио Шариќ, Дамјан Рудеш и Гордан Гиричек, а се очекуваат уште многу познати имиња.

Како што тврди Александар Петровиќ братот на Дражен Петровиќ, предводник на „Тимот на странци“ треба да биде Жељко Обрадовиќ.

Петровиќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Германија далечната 1993 година.

To top