Кошарка

Матијас Лесор повреден доби нов поголем договор од ПАО

Матијас Лесор повреден доби нов поголем договор од ПАО

Екс-кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор ќе продолжи да го носи дресот на Панатинаикос и во 2028 година, објави актуелниот шамоион.

Лесор се повреди во натпреварот од 17. коло во Евролигата против Баконија и поради тоа ќе отсуствува неколку месеци, сепак тоа не беше проблем за раководството да му ја продолжи соработката.

Со новиот договор Лесор во грчкиот гигант ќе има и подобри финансиски услови бидејќи во три години ќе заработи околу седум милиони евра.

Во Панатинаикос очигледно не сакаа ништо да ризикуваат со кошаркарот кој е еден од најзаслужните што тимот предводен од Еган Атаман ја освои европската титула.

To top