Кошарка

Марко Баковиќ повеќе не е член на МЗТ Скопје

Марко Баковиќ повеќе не е член на МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје во продолжение од сезоната нема да смета на услугите на Марко Баковиќ.

Баковиќ во МЗТ дојде пред година и пол од Цибона и беше еден од најзаслужните за двојната круна.

Марко Баковиќ повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје, откако спогодбено го раскинавме договорот со него. Со среќа во понатамошната кариера!, се наведува во објавата на тимот од Аеродром.

На МЗТ Скопје сезонава не му оди според очекувањата. Тимот предводен од тренерот Васко Атанасов не успеа да ја помине групната фаза во АБА 2, а во домашното првенство во саботата го доживеа третиот пораз.

To top